Connect with us

МАКФУДБАЛ ТИМ НА 26.КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА!

Силекс го прегази Вардар. Толку немоќен не бил можеби никогаш. Младите деца, кои патем и не се така млади, туку пред се недоволно квалитетни, едноставно не можеа да го издржат притисокот.


Шкендија потсети зошто е лидер и не се „сопна“ со Ренова како Шкупи. Тимот од Чаир имаше „поправен“ во Струмица против Академија Пандев и го положи испитот.

Интересна ќе биде трката за третата позиција. Македонија ЃП помина во Струмица против Беласица, но и Струга Трим Лум го освои Велес. Работнички во саботата прикажа одлична партија против Пелистер.


МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 26.коло во Првата фудбалска лига.

  1. КРИСТИЈАН НАУМОВСКИ (ШКУПИ)
    Одбрани пенал во финишот и ја спаси победата на Шкупи против Академија Пандев.
  2. ЕГЗОН БЕЈТУЛАИ (ШКЕНДИЈА)
    Цврст и стабилен во одбраната на Шкендија која не прими гол на тетовското дерби.
  3. ЈАСМИН МЕЦИНОВИЌ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
    Стоперот го постигна победничкиот гол за стружани на тешкото гостување во Велес.
  4. ЧАРЛЕСТОН (МАКЕДОНИЈА ЃП)
    Стрелец на погодок и одличен во воздушните дуели пред сопствениот гол.
  5. АРМЕНД АЛИМИ (ШКЕНДИЈА)
    Диригент на играта на Шкендија во убедливиот триумф против Ренова.
  6. ЛАМИНЕ ДИЈАК (ШКУПИ)
    Стрелец на победничкиот гол за Шкупи во победата против Академија Пандев.
  7. БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
    Искусниот стрелец ја отвори Ренова на почетокот на вториот дел, а потоа се беше полесно за Шкендија.
  8. ДЕНИС РИСТОВ (СИЛЕКС)
    Постигна хет – трик и прекрасен гол од слободен удар, го скрши веднаш отпорот на Вардар.
  9. МАРЈАН РИСТОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
    Одигра одличен меч против Пелистер, беше асистент на погодок и постојана опасност по левата странична позиција.
  10. МАРИО СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
    Безмалку перфектен, го постигна водечкиот гол, асистираше за третиот гол, и имаше уште неколку одлични прогрувања за гол-шанси, ја погоди и гредата од голот на Пелистер.
  11. ПЕПИ ЃОРГИЕВ (СИЛЕКС)
    Постигна хет – трик против грогираниот Вардар. Сепак, три гола се одличен ефект против било каков противник.

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ГОРАН СИМОВ (СИЛЕКС)
Во натпреварот со директниот ривал за опстанок оствари неверојатно убедлива победа. Силекс беше толку доминантен, што беше жално да се гледа Вардар на теренот. Оствари триумф од фантастични 6-0, а резултатот можеше да биде и двоцифрен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови