
Навивачката група „Гемиџии“ преку соопштение изрази поддршка за првиот човек нa фудбалскиот прволигаш Борец, Кочо Анѓушев, откако на последното собрание на ОФС Велес најави можно повлекување од клубот. Анѓушев е главен финансиер во Борец речиси пет години.
Борец есенската полусезона ја заврши на делба на петтото место на табелата во ПМФЛ со 25 освоени бодови.
Во соопштението на „Гемиџии“ се вели:
Следејќи ги случувањата и настаните во врска со последното годишно собрание на ОФС Велес како и незадоволството на главниот финансиер на ФК Борец, не можеме да премолчиме и да не заземеме став. Навивачката група Гемиџии е емоционално и фактички нераскинлив дел од ФК Борец.
Ние како група застануваме во поддршка на г-дин Кочо Анѓушев бидејќи сметаме дека тој е единствената светла точка за фудбалот во градот во последниве неколку години, тој е единствениот човек кој се одважи и застана со сити свои сили и средства да го преземе клубот и да не направи горди на резултатите и настапите во македонското фудбалско првенство, од најнизок ранг па се до елитата постигнувајќи одлични резултати.
Самите ние сме сведоци на многу неспортски и нефудбалски настани кои во изминатиов период му беа нанесувани на ФК Борец, сомнителните судски одлуки и случувања беа игнорирани од страна на Фудбалската Федерација на Македонија, не сакаме ни да помислиме дека се работи за тенденција на внатрешни договори и одлуки кои челниците сами си ги кројат зад затворени врати.
Фудбалот не е политика, фудбалот не е приватна сопственост на никого, фудбалот е на публиката, фудбалот е на спортските работници. Затоа апелираме до г-дин Анѓушев да ги преиспита своите одлуки и да ОСТАНЕ во ФК БОРЕЦ, ние како група но и неоткинлив дел од Борец му стоиме на располагање во било кој дел за борбата против мафијата во ФФМ.
БОРЕЦ Е ВЕЛЕС !!! БОРЕЦ СМЕ НИЕ!!! БОРЕЦ Е ТРАДИЦИЈА И ИСТОРИЈА !!!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Милан ќе го откупи Кајл Вокер

Евро-фудбал
Јирген Клоп на преговори со Реал Мадрид

Млади репрезентации
Македонија У18 поразена од Словачка на вториот тест

Евро-фудбал
Јирген Клоп на преговори со Реал Мадрид
