
Фудбалерите на Борец застанаа зад спонзорот Кочо Анѓушев и побараа да не уништува клубот кој е гордост на Велес. Ова по неодамнешната негова најава на Собранието на ОФС Велес дека би можел да се откаже од спонзорирање на клубот доколку Борец нема ниту еден претставник во Собранието на ФФМ.
Во соопштението на фудбалерите на Борец се вели…
„Деновиве сме сведоци на разни теми и случувања околу нашиот клуб. Ние како играчи во клубот максимално стоиме и го поддржуваме нашиот претседател во сите одлуки. Воедно, упатуваме апел да не се стои на патот на успешниот проект кој ќе носи многу успех и радости во Велес и спортот, а секако најголем „виновник“ е компанијата „Брако“, која што има финансиска моќ за Борец да биде тоа што е денес. Ние како професионалци нашите обврски ги исполнуваме во целост и се подготвуваме за првенството во кое очекуваме голем заеднички успех на ФК Борец, градот Велес и секако нашиот дванаесетти играч, навивачката група „Гемиџии“ која што дава максимална поддршка до нас и сопственикот на клубот. Целата ситуација не загрижува нас играчите, сите работници во клубот и навивачите. Се надеваме дека проблемот ќе биде решен во најкраток период и нема да останеме на цедило. За доброто на Велес, на ФК Борец и спортот. Велес е Борец, Борец е Велес“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
