Шкендија побегна можеби и на недостижна предност, Шкупи разочара против Ренова, Академија Пандев продолжи со победи, а Работнички со супер-пресврт дојде до триумф.
Пелистер го доби вечното дерби против Вардар кој влезе во опасната зона и црно му се пишува до крајот на сезоната. Струга Трим Лум е премногу квалитетна за да не ја добие и Беласица дома.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 25.коло во Првата фудбалска лига.
- ДАВОР ТАЛЕСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Единствен голман во ова коло кој успеа да ја сочува мрежата. Пелистер го доби дербито со Вардар. - ХРИСТИЈАН ДРАГАРСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Беше одличен во одбраната на Пелистер, имаше клучна интервенција за да го спаси својот гол, а потоа битолчани постигнаа и втор гол за триумф. - КЛИСМАН ЦАКЕ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Постигна фантастичен гол со петица против Беласица. Учествуваше во играта, а во одбраната стандардно квалитетен. - НЕНАД МИШКОВСКИ (РЕНОВА)
Постигна погодок на гостувањето против Шкупи и го потврди триумфот на Ренова, многу значаен во битката за опстанок. - ГОРАН СИЛЈАНОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Има нова улога во средниот ред и одлично се снаоѓа, асистент на победничкиот гол на Фахрудин Ѓурѓевиќ. - ЃОРЃИ СТОИЛОВ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Покажува одлични организаторски способности, креира шанси, го разигрува тимот. Академија Пандев игра според неговиот ритам. - МАРИО КРСТОВСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Фантастични две реализации со глава, на волшебен начин го прослави роденденот, а на Академија Пандев му донесе супер значаен триумф. - БОРЧЕ МАНЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Искусниот волк го гризна Вардар можеби и во најнепријатен момент. Беше двоен стрелец, првиот гол со глава посебно убав. - АЛЕН ЈАШАРОСКИ (РЕНОВА)
Со гол на самиот почеток од мечот го изненади Шкупи и го трасираше патот на Ренова кон победата. - БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
Големите голгетери погодуваат и носат победи. Тоа го направи и Бесарт Ибраими за двоцифрена предност за Шкендија пред конкурентите. - ФАХРУДИН ЃУРЃЕВИЌ (РАБОТНИЧКИ)
За петнаесетина минути го направи тоа што на многумина не им поаѓа од нога за цел натпревар, а можеби и повеќе. Постигна два гола за Работнички, се погрижи за пресврт и донесе победа. Што повеќе може да се посака од „џокер“ од клупата.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: АЛЕКСАНДАР ВАСОСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Се гледа неговата рака поставена на тимот на Академија Пандев. Цврста и компактна одбрана, разигран среден ред и беспрекорна реализација на шансите. Академија Пандев сега е многу поинаков тим од есента.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski