Тренерот на Вардар и поранешен селектор на Македонија, Никола Илиевски – Џиџи, го победи коронавирусот, откако мина неколку дена во болница хоспитализиран поради влошената здравствена состојба.
Илиевски, како што објавија најверните вардарови навивачи, на 22 март беше хоспитализиран поради влошена здравствена состојба, откако претходно добил позитивен тест на Ковид-19. Сега веќе е пуштен на домашно лекување, а откако ќе му заврши изолацијата треба да се врати на клупата на „црвено-црните“.
На утрешното дерби против Пелистер во Битола, тимот на Вардар ќе го предводи Златко Таневски, заедно со Бобан Грнчаров, Филип Ивановски и Никола Глигоров.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













