Италијанскиот калчолигаш Наполи, чиј член е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, се интересира за новиот фудбалски дијамант од Работнички, Лука Станковски, тврди „Калчомеркато“. Зимскиот трансфер прозорец влегува во втората фаза, а младиот фудбалер на „романтичарите“ е цел на се повеќе заинтересирани клубови од Европа.
„Наполитанците“ не би сакале да го испуштат новиот македонски талент, а италијанските медиуми најавуваат дека скаутирањето е завршено и дека сега почнуваат преговорите за ангажман на младинскиот репрезентативец.
Во Турција веќе наголемо се пишува дека Фенербахче одлучил да го купи Лука Станковски, а најновото е дека во трката се вклучуваат и Галатасарај и Бурсаспор.
Од Балканот, Црвена Звезда и Динамо Загреб појавуваат интерес за фудбалерот за врска кој во есенската полусезона постигна седум гола и забележа две асистенции на 15 натпревари во Првата фудбалска лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Веќе немавме сили, многу сме истрошени
Евро-фудбал
Спалети: На моменти играта ни беше срамна
Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Ќе помине и овој тежок период
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













