Повредата на Мартин Одегард од натпреварот против Гибралтар ги загрижи навивачите на Арсенал, но, сепак, пристигнаа добри вести од таборот на Норвешка. Се чини дека играчот од средниот ред ќе се врати уште викендов, според селекторот на неговата репрезентација, Стале Солбакен.
„Не станува збор за сериозна повреда. Верувам дека Мартин ќе биде подготвен за натпреварот против Турција во сабота”, изјави Собакен.
Одегард го повреди глуждот на пет минути пред полувремето во победата од 3-0 против Гибралтар. Повредата делуваше непријатна, а фудбалерот очигледно чувствуваше болка, па поради тоа на негово место, на почетокот на вториот дел, во игра влезе Патрик Берг.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski