Connect with us

Алварез: Шкупи мора да победува ако сака да истрае во трката за титулата

Шкупи има големи амбиции оваа сезона и најавува борба за шампионската титула до последното коло. Во моментот тимот од Чаир заостанува седум бода зад Шкендија, а тоа значи дека само со победи може да се надева на намалување на негативата.


Играчот за врска Фреди Алварез најавува напад на трите бода на денешната пресметка против Силекс во Кратово.

„Не очекува тежок натпревар во Кратово. Силекс е квалитетен тим, но ние мораме да продолжиме да победуваме ако сакаме да истраеме во трката за титулата. Пред неколку кола го добивме дуелот со Силекс и доколку повториме една таква игра, верувам дека ќе славиме“, вели Фреди Алварез.

Тренерот Хасан Озер ќе ги има на располагање сите фудбалери, освен оперираниот Фатих Исмаили.

Вардарци се надеваат дека можат да останат непоразени во дуелот со лидерот Шкендија, но јасно е дека квалитетот во моментот е на страната на составот на Ернест Ѓока. Лидерот доаѓа по три бода на арената „Тодор Проески“. Сепак, дербито се очекува да биде неизвесно и возбудливо.

Ренова во Тетово го пречекува составот на Македонија Ѓорче Петров. „Гипсарите“ се во серија од три меча без пораз, но паднаа на претпоследната позиција на табелата и сигурно ќе сакаат триумф против ѓорчепетровци. Тимот на Жикица Тасевски како да се опушти по одличната есен и во пролетниот дел од сезоната не игра на истото ниво.

Академија Пандев на домашен терен ќе го пречека тимот на Струга Трим Лум, а во Струмица ќе гостува и Работнички, но против Беласица. Утре ќе се игра дуелот меѓу Борец и Пелистер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови