Connect with us

Комити на прес ќе дадат отчет за акцијата „Купи билет за спас на Вардар“

Навивачката група „Комити“ утре ќе организира прес конференција на која официјално ќе ја извести јавноста околу деталите на успешната акција за купување билети, „Купи билет за спас на Вардар“. Фановите ќе дадат отчет за собраните средства од акцијата, а веројатно ќе има информација и кога и како тие би стигнале на жиро-сметките на фудбалерите.

Почитувани,

Ви благодариме на сите кои бевте со нас во најтешките моменти од постоењето на Фудбалскиот Клуб Вардар.

Со цел да го одржиме во живот клубот, моравме да бидеме инвентивни и да смислиме начин како да помогнеме кога помошта беше навистина итна и неопходна.

Организиравме акција со назив – Купи Билет за спас на ВАРДАР.

Акцијата ја поддржаа голем број навивачи на Црвено-Црните од Скопје, јавни личности, Компании, Спортски клубови, Политичари…Но пред се најголемиот товар ни падна нам, навивачката група Комити. Се надминавме себеси во името на љубовта кон ВАРДАР, и покажавме дека кога сме единствени и сплотени нема предизвици кои не можеме да ги надминеме.

Нашата енергија која зрачеше од искреност во текот на целата акција, беше препознаена од јавноста како нешто вистинско направено од срце, па затоа и одзивот беше огромен.

Со големо задоволство сакаме на јавна сцена да дадеме отчет пред сите вас кои акцијата ја поддржавте и земавте активно учество.

Затоа ве повикуваме утре, 10.03.2021г. (Среда) во 13:30ч. да дојдете на ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА.

Пресот ќе се одржи во ресторанот “Кажи ми кажи” (стара Деспина) во населбата Мичурин, и започнува во 13:45 часот. Потоа следува мини коктел, и здравица за заедничкиот успех.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови