
Во Рим е одржан 43. Конгрес на УЕФА, на кој Александар Чеферин доби нов четиригодишен мандат да биде на чело на Европската фудбалска Асоцијација. Фудбалската федерација на Македонија на Конгресот во главниот италијански град ја претставуваа в.д. претседателот, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски.
Новиот мандат да биде претседател на УЕФА, словенецот Александар Чеферин го доби со акламација и ќе ја предводи УЕФА до 2023. година.
„Горд сум и навистина почестен од ваквата поддршка. Како УЕФА вистина е дека сме во одлична позиција, но тоа не е доволно. Мораме однапред да мислиме на развојот на фудбалот и идниот успех. Ќе ја исполниме зацртаната стратегија, а низ единство и заедничка работа со Асоцијацијата на клубовите нема да отстапуваме од основното начело, а тоа е спортскиот резултат“, порача Чеферин.
„Ве повикувам да работиме заедно сѐ со цел да осигураме дека европскиот фудбал ќе остане обединет, дека европскиот фудбал ќе остане почитуван, ќе продолжи да покажува солидарност и да носи надеж“, рече Александар Чеферин.
В.Д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на Конгресот во Рим му го честиташе новиот мандат на Александар Чеферин.
„Му честитам на Александар Чеферин за новиот мандат на чело на УЕФА. Во работата, проектите и натпреварувањата на УЕФА сите федерации добиваат рамноправност и еднаквост каква што заслужуваат и тоа треба да го респектираме. Интегритетот, транспарентноста и позитивниот имиџ мора да останат важен или клучен дел од европскиот фудбал. Посакувам претседателот на УЕФА, Александар Чеферин да продолжи да го промовира фудбалот на највисоко ниво и во таа насока му посакуваме многу среќа и успех“, изјави в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
