Пред стартот на пролетниот дел од Прва МФЛ, в.д. претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини им посака многу успех на клубовите од нашата најдобра фудбалска конкуренција.
„Резултатите на клубовите се плод на вредната работа на стручните тимови, селекцијата на фудбалери и квалитетното ракововодство. Верувам дека секој тим ќе се бори да ги исполни своите амбиции и им посакувам многу среќа во продолжението од сезоната и здравје на фудбалерите. Од страна на ФФМ уверуваме дека организацијата на натпреварувањето ќе биде на најдобро ниво и сите ќе бидат еднакво третирани. Доколку сите ние и федерацијата и клубовите се раководиме според пропозициите за натпреварување, а тоа е заедничка цел, тогаш сигурен сум дека нема да создаваме било какви проблеми. Впрочем, треба да го „изодиме“ патот како од првата полусезона кога сѐ се одвиваше во најдобар ред“ – вели Сејдини во изјава за официјалната интернет страница на ФФМ и дополнува:
„Ги повикуваме сите гледачи и поддржувачи на македонскиот фудбал да навиваат за својот тим фер и коректно, во духот на фер-плеј, со почит и толеранција кон противниците, официјалните лица и сите гледачи. Заеднички да кажеме НЕ за сите облици на вербално и физичко насилство“.
В недела, 17. февруари, започнува вториот дел од македонската Прва фудбалска лига. Натпреварите започнуваат од 14 часот, а двојките за 19. коло се: Шкендија – Вардар, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П., Победа Беласица, Работнички – Ренова и Силекс – Шкупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













