Италијанскиот првак Јувентус ремизираше 1-1 на гости кај Кротоне, а Федерико Киеза, новото засилување кое дојде од Фиорентина, поцрвене по еден час игра и го остави тимот на цедило.
Без Роналдо, но и без Дибала, кој остана на клупата, Јувентус не можеше да понуди повеќе.
Кротоне поведе од пенал со голот на Сими во 12.минута, а Алваро Мората возврати во 21.минута за израмнување. Шпанецот во вториот дел постигна уште еден погодок, но по прегледување на ВАР-снимката беше досудена офсајд позиција.
Ова е прв освоен бод за Кротоне во новиот шампионат и тоа против актуелниот италијански првак.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













