
Шпанија покажа кој е „газда“ во групата 4 од Лигата А совладувајќи ја Германија со убедливи 6-0. Со тоа „црвената фурија“ го освои првото место во групата.
Алваро Мората и Феран Торес донесоа брзо водство од 2-0, а до крајот на првиот дел погоди и Родри. Во вториот дел Феран Торес постигна уште два гола и заокружи хет-трик, а серијата ја затвори Микел Ојарзабал.
Франција ја совлада Шведска со 4-2 и го освои првото место во групата. Оливие Жиру беше двоен стрелец, а во листата се запиша и Бенјамин Павар, откако Шведска поведе преку Клаесон во петтата минута. На крајот, Кваизон намали на 3-2, а Кингсли Коман го постави конечниот резултат во 88.минута.
Португалците ја совладаа Хрватска на гости со 2-3, со двата гола на Рубен Дијаз и погодокот на Жоао Феликс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski