
Португалскиот стратег Жозе Мурињо одамна го носи прекарот „Споцијален“, уште откако направи сензација со Порто и ја освои Лигата на шампионите, а потоа успеа да му донесе тројна круна и на Интер со Горан Пандев во тимот. Но, сега вели дека повеќе би му прилегал некој друг прекар.
„Имам огромно искуство во фудбалот, нема нешто што не сум го видел и искусил. Сега за мене само може да биде „дежа ву“. А искуството е голема работа“, вели Мурињо кој сега би сакал да го нарекуваат „Искусниот“.
Португалецот со Тотенхем се обидува да им парира на Ливерпул и на Манчестер Сити кои и оваа сезона се главни фаворити за освојување на шампионската титула во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski