
Реал Мадрид и вторпат го совлада Интер, овојпат во Милано со 0-2 и се искачи на втората позиција на табелата во групата, само со бод негатива во однос на Борусија Менхенгладбах. Иако без капитенот Серхио Рамос и без најдобриот напаѓач Карим Бензема, „кралевите“ одиграа квалитетно и го победија Интер.
Еден Азар во седмата минута го доведе Реал Мадрид во водство, а работите за Интер се влошија во 33.минута кога беше исклучен Артуро Видал. Во вториот дел Ашраф Хакими си постигна автогол и беше јасно дека Интер ќе загуби.
Аталанта му се реваншира на Ливерпул се убедливиот пораз од првиот меч во Италија и сега оствари триумф (0-2) на „Енфилд Роуд“. Јосип Иличиќ и Робин Госенс беа стрелци на головите за Аталанта.
Баерн Минхен дојде и до четвртата победа, совладувајќи го Салцбург со 3-1. Левандовски и Сане погодија за баварскиот тим, а Максимилијан Вобев си постигна автогол. Бериша беше стрелец на единствениот гол за Салцбург.
Атлетико Мадрид не успеа да го пробие бункерот на Локомотив Москва и ремизираше без голови, а Ајакс победи против Митјиланд со 3-1. Порто славеше на гости против Олимпик Марсеј со 0-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
