Арсенал вртоглаво паѓа на табелата во Премиер – лигата редејќи порази. Тимот на Микел Артета го забележа четвртиот пораз во последните пет меча откако загуби и од Евертон со 2-1 на гостувањето на „Гудисон Парк“. Сега „топчиите“ се на 15.позиција со 14 бода.
Роб Холдинг во 22.минута си постигна автогол за водство на Евертон, а Николас Пепе израмни во 35.минута од пенал. Сепак, Јери Мина во 45.минута донесе нова предност за составот на Карло Анчелоти која на крајот се покажа и клучна за триумф.
Евертон по оваа победа се искачи на второто место на табелата со 26 бода, пет помалку од лидерот Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













