Лионел Меси на денешниот меч против Валенсија на „Камп Ноу“ го израмни неверојатниот рекорд на легендарниот Пеле, постигнувајќи го 643. гол во дресот на Барселона. Исто толку голови за Сантош во кариерата има постигнато и Пеле. Тој му честиташе на Меси за остварувањето порачувајќи дека ретки се приказните кога еден фудбалер толку долго останува верен на еден клуб.
„Кога твоето срце е исполнето со љубов, тешко е да направиш промена. Знам како е да го носиш секој ден дресот на саканиот клуб и да даваш се од себе за тимот да победува. Честитки за твојот историски рекорд, Лионел. Но, повеќе од се, честитки за твојата прерасна кариера во Барселона. Приказни како нашите, да се биде во љубов со еден клуб толку долго, за жал денеска се реткост во фудбалот. Тоа многу го почитувам“, истакна Пеле.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













