Германскиот репрезентативец Лирој Сане доживеа еден вид понижување откако Ханси Флик го внесе во игра како замена по половина час поради повредата на Кингсли Коман, а потоа го повлече од тимот во 68.минута од дерби – натпреварот против Баер Леверкузен. Роберт Левандовски со два гола извлече триумф за баварскиот клуб, а Сане вети дека ќе работи напорно за да го достигне потребното ниво.
Тој имаше пауза поради коронавирусот, а потоа и повреда која го оддалечи од терените.
„Не можам да го извлечам најдоброто од себе. Самиот сум си најголем критичар, се уште не сум доволно подготвен“, изјави Сане.
Тој доби поддршка и од тренерот Ханси Флик и од соиграчите.
„Момчето е одлично, но ќе му треба период додека да фати ритам. Влезе во игра многу рано затоа што Коман се повреди“, објасни Ханси Флик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













