
Тотенхем нареди два порази и Жозе Мурињо гледа дека нешто му недостига на тимот. Според него, недостига малку повеќе цврстина во средниот ред и затоа сака да ангажира ново засилување во зимскиот преоден рок. Тој е заинтересиран за австрискиот интернационалец Марсел Сабицер кој оваа сезона игра одлично во дресот на бундеслигашот Лајпциг.
Тој одиграл одлично на дуелот меѓу Лајпциг и Тотенхем во Лигата на шампионите и Мурињо уште тогаш побарал од раководството на лондонскиот клуб да се обиде да го доведе одличниот плејмејкер. Сабицер од 2014 го носи дресот на Лајпциг и досега има одиграно преку 200 натпревари за клубот.
Тотенхем сака навреме да обезбеди нов квалитетен играч за врска со оглед дека Барселона се заинтересира за Тангуј Ндомбеле.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
