Австрискиот клуб Салцбург соопшти дека двајца фудбалери на тимот паднале на допинг – тест по враќањето од репрезентативните обврски во селекцијата на Мали. Играчот за врска Мохамед Камара и напаѓачот Секу Коита навеле дека на 17 ноември примиле лекови против висинска болест во пресрет на гостувањето против Намибија на Африканскиот куп на нации.
На тестирањето спроведено од УЕФА на 22 ноември, во пресрет на мечот со Баерн Минхен, фудбалерите паднале на допинг – тест. Австрискиот клуб ги поддржа фудбалерите и сака до крај да се расчисти случајот за да се дознае што им било дадено на фудбалерите.
„Ние сме многу горди кога фудбалерите ќе бидат повикани да настапат за своите репрезентации. За меѓународните натпревари очекувате целата подготовка да се одвива според меѓународните критериуми на ФИФА, со доктори кои се запознаени со стандардите за работа“, истакнува генералниот менаџер на Салцбург, Штефан Рајтер.
Камара и Коита редовно играле за тимот на Салцбург и откако добиле позитивни допинг – тестови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













