Фудбалерите на Кристал Палас славеа како гости кај Фулам со 1-2 во натпревар од 15. коло на Премиер – лигата.
Херој на триумфот беше Марк Гехи, кој во самиот финиш го постигна победничкиот гол.
Кристал Палас поведе уште во 20. минута по одлична акција. Вортон ја проследи топката до Нкетија, а напаѓачот прецизно погоди крај дирекот за 0-1.
Фулам успеа брзо да израмни. Во 38. минута Хименез убаво проигра, а Вилсон рутински реализираше за 1-1.
Се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, сè до самиот крај кога Пино изведе корнер, Гехи највисоко скокна и со удар со глава донесе водство од 1-2.
Кристал Палас до последниот свиреж го одбрани својот гол и запиша важна победа со која се искачи на четвртото место со 26 бодови. Фулам, пак, останува на 15. позиција со 17 бодови.
Во следното коло Кристал Палас го пречекува Манчестер Сити, додека Фулам гостува кај Барнли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мареска: Делап повторно ќе паузира долго













