Connect with us

Калјари немаше победа на девет натпревари и денеска ја тресна Рома (ВИДЕО)

Калјари забележа голема победа во 14. коло од Серија А, совладувајќи ја Рома со минимални 1-0 на Сардинија. Натпреварот беше решен со гол во завршницата.

Стрелец на победничкиот погодок беше Џанлука Гаетано, кој во 82. минута искористи момент на невнимание во одбраната на гостите и со прецизен удар ја затресе мрежата.

За Рома, која само пред две недели беше на врвот на табелата, вториот последовен пораз отвори прашања околу стабилноста на тимот.

Калјари ја прекина црната серија без победа која траеше од 19 септември и конечно дојде до триумф по девет меча без радост.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови