Македонскиот првак Шкендија вечерва (21 часот) во Приштина, во натпревар од четвртото коло на Конференциската лига, ќе му гостува на косовскиот тимДрита. Ова е исклучително важен дуел за Шкендија, која со евентуален триумф би направила голем чекор кон обезбедување место во следната рунда од натпреварувањето.
Дополнителна емотивна тежина мечот носи за играчот од средниот ред на Шкендија, Ендрит Красниќи. Тој цели пет години беше дел од Дрита, клуб кој моментално е актуелен шампион на Косово.
„Голем дел од мојата кариера го минав токму во Дрита. Секогаш ми беше убаво, освоив речиси сè што можеше да се освои на овој стадион. Но, сега како фудбалер на Шкендија, сакам и верувам дека ќе се радувам на победа против клубот во кој некогаш играв“, изјави Красниќи.
„Очекувам квалитетен и возбудлив дуел. Знам дека и во Дрита се мотивирани што играат против нас, па ќе видиме како ќе се развива натпреварот. Се надевам дека на крајот среќата ќе биде на наша страна. Драго ми е што и Дрита и ние сме дел од ова натпреварување, кое е едно од најсилните во Европа. Во моментот сум фокусиран на Шкендија и се надевам дека ние ќе го добиеме овој меч“, заврши играчот на Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски ја одби понудата на Фенербахче
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу













