Connect with us

Валверде: Фудбалерите и стручниот штаб на Реал се посплотени од кога било

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Феде Валверде, преку своите профили на социјалните мрежи откри каква е атмосферата во клубот во моментов.

Во последните неколку дена шпанските медиуми постојано објавуваа дека ситуацијата во тимот е напната и дека дел од играчите се спротивставуваат на Чаби Алонсо, барајќи промена на тренерот.

Сепак, Валверде тврди дека тимот никогаш не бил похармоничен.

„По една недела во која се изнесоа многу приказни за нас, можам да кажам дека сега сме поединствени од било кога.

Да ги имаш Винисиус и Мбапе во составот е голема привилегија, но да играш за најдобриот клуб на светот и со толку посветена група фудбалери – тоа е вистинска чест.

Лично, работам напорно за повторно да се вратам на моето највисоко ниво. Тренерот секогаш бил тука за мене, ме поддржувал и правел сè што е потребно за да напредувам и да му бидам од корист на тимот.

Не е секогаш едноставно, но стручниот штаб и играчите се сплотени повеќе од кога било“, порача Валверде.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови