Ливерпул е во сериозна криза, која од домашното првенство се пренесе и во Лигата на шампионите. Англискиот шампион се „распаѓа“, и за Арне Слот ќе биде навистина тешко да ја задржи работата, иако титулата од Премиер – лигата му дава малку „време за дишење“. За викендот неговиот тим беше декласиран од Нотингем Форест на „Енфилд“, а вечерва на истото место ги посрами ПСВ Ајндховен и славеше со 1-4.
Сè тргна на лошо за Ливерпул уште од самиот старт на натпреварот.
ПСВ доби пенал во шестата минута, откако Ван Дајк играше со рака во својот шеснаесетник. Одговорноста ја презеде Иван Периšiќ, кој го совлада Мамардашвили од 11 метри за шокантни 0-1.
Потоа домаќинот нападна со сите сили и израмни десет минути подоцна.
Поранешниот играч на ПСВ, Коди Гакпо, проби по десната страна и силно биеше, Ковар одбрани, но топката се одби право на ногата на Шобослаи, кој рутински погоди од околу 12 метри за 1-1.
Во моментите кога се очекуваше канонада и целосен пресврт, Ливерпул застана, нападите станаа бледи, а нов шок следуваше во 56. минута.
Мо Салах беше непростливо невнимателен во дефанзивата, Мауро Жуниор помина покрај него како да не постои, и испрати убаво додавање кон Тил, кој му побегна на Керкец и со удар од прва од десетина метри сурово ги казни „црвените“ за 1-2.
Класичен „нокдаун“ на „Енфилд“ видовме во 73. минута. Овој пат стоперот на домаќините, Конате, реагираше „криминално“, Пепи ја погоди стативата, а топката се одби до Мароканецот Кухаиб Дриуш, кој ја смести во мрежата за 1-3.
И тоа не беше крај — во 91. минута Дриуш повторно погоди и го постави конечниот резултат 1-4.
Во Пиреја, Олимпијакос поведе против Реал со голот на Чикињо во осмата минута, по што следеше шоуто на Килијан Мбапе — хет-трик за само седум минути. Французинот погоди во 22., 24. и 29. минута.
Ова беше втор најбрз хет-трик во историјата на натпреварувањето.
Во второто полувреме Олимпијакос намали преку Мехди Тареми во 52. минута, а во 60. Мбапе по четврти пат ја затресе мрежата на Цолакис.
Но упорниот Олимпијакос не се предаде — Ел Каби во 81. минута постигна погодок за 3-4, што се покажа како конечен резултат.
Во Париз, дури осум голови и нов пресврт на европскиот шампион против освојувачот на Лигата на Европа. Летово во УЕФА Суперкупот, ПСЖ славеше по пенали иако Тотенхем водеше 0-2 до 85. минута, а вечерва „светците“ победија со 5-3.
Ришарлисон ја отвори серијата и ги донесе лондончани во водство во 39. минута. Витињa израмни во 45., а Коло-Муани постигна гол за 1-2 во 50. минута.
Во 53. минута следеше уште еден гол на одличниот Витиња за 2-2, Фабијан Руиз направи целосен пресврт шест минути подоцна, а Пачо зголеми на 4:2 во 65. минута. Коло-Муани во 72. минута намали на 4-3, а Витиња со хет-трик од пенал во 76. минута ги постави конечните 5-3.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Џошуа Зиркзе се согласил на трансфер во Рома
Евро-фудбал
Арне Слот добил ултиматум од Ливерпул
Млади репрезентации
Македонија до 15 години со пораз на првиот тест против Србија













