Лидерот во италијанската Серија А, тимот на Рома, подготвува конкретна понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе, и според „Газета дело порт“, таа треба да биде официјално доставена во најскоро време.
Од раководството на „волчицата“ планираат да предложат позајмица од јануари до крајот на сезоната, при што во договорот ќе биде вклучена и клаузула за откуп во вредност од 40 милиони евра. Таа ќе стане задолжителна доколку тимот се квалификува за Лигата на шампионите следната сезона.
Информациите укажуваат дека самиот фудбалер веќе дал претходна согласност за трансфер на „Олимпико“, откако неговите претставници имале контакти со римскиот клуб.
Името на Зиркзе се појавува сè почесто во трансферните вести во последните неколку недели. Холанѓанецот пристигна на „Олд Трафорд“ минатото лето од Болоња, но не успеа да се наметне меѓу стартерите. Тековната сезона дополнително ја компликуваше неговата ситуација, откако конкуренцијата се зголеми со доаѓањето на Бењамин Шешко, а недостигот од европски натпревари го ограничуваше времето за ротации и настапи. Поради таа причина, напаѓачот бара тим кој може да му обезбеди повеќе минути на теренот и да ги зачува шансите за враќање во репрезентацијата на Холандија пред Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Се очекува Манчестер Јунајтед да не го попречува овој трансфер, особено по разочарувачкото издание на Зиркзе при поразот со 0-1 од Евертон во понеделникот на „Олд Трафорд“. Од почетокот на сезоната, 24-годишниот Зиркзе има шест натпревари во сите натпреварувања, во кои сè уште не постигнал погодок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Џошуа Зиркзе се согласил на трансфер во Рома
Евро-фудбал
Арне Слот добил ултиматум од Ливерпул
Млади репрезентации
Македонија до 15 години со пораз на првиот тест против Србија













