Челси ja совлада Барселона со убедливи 3-0 во дуелот од петтото коло во Лигата на шампионите на УЕФА.
Лондонскиот клуб одигра извонреден натпревар, создаде огромен број шанси и можеше да слави и поубедливо.
Кунде си постигна автогол, погоди Естевао за 2-0, а Лијам Делап беше стрелец на третиот гол.
Манчестер Сити доживеа прв пораз во Лигата на шампионите оваа сезона. „Граѓаните“ кои беа големи фаворити на „Етихад“, но загубија од Баер Леверкузен со 0-2 во натпревар во кој тренерот Пеп Гвардиола реши да експериментира со составот.
Гвардиола даде шанса на резервистите, додека Фил Фоден и Ерлинг Халанд не започнаа во првиот тим, исто како и Џереми Доку и Рајан Черки.
Грималдо погоди за Баер Леверкузен во првиот дел, а Патрик Шик стави точка на триумфот.
Наполи го забележа првиот триумф во Лигата на шампионите, совладувајќи го Карабах со 2-0. По првото полувреме без голови, Хојлунд промаши пенал, но тимот на Конте го искористи моментот преку головите на Мектоминеј и автоголот на Јанковиќ. Елиф Елмас влезе во игра во 75. минута.
Убедлива победа забележа и Борусија Дортмунд, која со 3-0 го совлада Вилјареал. Двоен стрелец беше Серху Гираси, а гол постигна и Карим Адејеми. „Милионерите“ имаа и промашен пенал на овој меч.
Јувентус исто така стигна до првата победа во Лигата на шампионите, со пресврт во Норвешка против Бодо Глимт (2-3). Норвешкиот тим поведе во првиот дел преку Бломберг, но по паузата Опенда и Меккени со два гола во период од десет минути направија пресврт.
Бодо Глимт доби пенал и израмни преку Фет во 87. минута, но во судиското продолжение Џонатан Дејвид го постави конечниот резултат 2-3.
Олимпик Марсеј го победи Њукасл на „Велодром“ со 2-1. Гостите поведоа преку Барнс, но Пјер-Емерик Обамејанг со два гола во 46. и 50. минута донесе победа за францускиот тим.
Единствениот натпревар без голови беше дуелот меѓу Славија Прага и Атлетик Билбао.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Џошуа Зиркзе се согласил на трансфер во Рома
Евро-фудбал
Арне Слот добил ултиматум од Ливерпул
Млади репрезентации
Македонија до 15 години со пораз на првиот тест против Србија













