Репрезентацијата на Македонија до 15 години е поразена со 1-4 од соодветната селекција на Србија на првиот контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Нашите млади фудбалери подобро го отворија натпреварот и први сериозно се заканија кон голот на противникот. Костовски упати силен удар од далечина, но голманот на Србија успешно интервенираше и ја сочува својата мрежа.
Кон крајот на првиот дел, Србија го покажа својот квалитет и за неполни седум минути постигна два погодоци. Матеја Јовановиќ во 39. минута го отвори резултатот, а во втората минута од судиското продолжение, Кабир Наиловиќ ја зголеми предноста на 2-0.
На стартот од второто полувреме, Вукашин Мирковиќ постигна уште еден гол за Србија и зголеми на 3-0. Македонија по подолго време се закани преку Амити во 60. минута, но без промена на резултатот. Со гол од пенал во 64. минута, Павле Пријовиќ погоди за 4-0. Три минути подоцна Доротеј Христов успеа да ја намали предноста на Србија и да ги постави конечните 1-4.
Македонија до 15 години: Огнен Божиновски, Хамза Зубери, Ејман Емини, Фисник Амити, Дин Рошајац, Калин Аврамовски, Драган Петков, Васко Трајков, Борјан Костовски, Виган Таири, Дијар Алиу.
Јован Јанчевски, Јован Даноски, Андреја Блажев, Павел Димоски, Филип Богоевски, Ариан Исаку, Јоан Ѓорѓиевски, Јетмир Асани, Доротеј Христов, Амар Незири, Борис Матески, Дијар Ајрулаху, Константин Тренов.
Селектор: Горан Станковски.
Србија до 15 години: Страхиња Малиновски, Вук Вукотиќ, Матеја Тепавчевиќ, Матија Нилевиќ, Лука Сокниќ, Лазар Јевтиќ, Павле Пријовиќ, Велјко Бериќ, Кабир Наиловиќ, Страхиња Радивојевиќ, Матеја Јовановиќ.
Вук Давидовиќ, Фукашин Томишиќ, Андреј Димитријевиќ, Страхиња Максимовиќ, Ѓорѓе Станојевиќ, Андреј Рачуница, Јован Станојчиќ, Михајло Банковиќ, Петар Мијатов, Вукашин Мирковиќ.
Селектор: Павле Делибашиќ.
Вториот контролен натпревар помеѓу овие две репрезентации ќе се одигра на 27. ноември со почеток во 11:00 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













