Connect with us

Надал го искара Винисиус: Мора да ги почитува авторитетите во Реал Мадрид

Легендата на светскиот тенис, Рафаел Надал, се осврна на ситуацијата со бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, само еден ден пред дуелот на „кралевите“ против Олимпијакос во Лигата на шампионите.

„Сметам дека сè може да се реши со разговор, со разбирање од сите страни. Мислам дека Винисиус треба да биде свесен кој е авторитетот и да го почитува, исто како и клубот, имајќи предвид што значи да се биде играч на Реал Мадрид. Но исто така верувам дека тој сето тоа го прави во желба да даде максимум. Тие негови реакции кои понекогаш не им се допаѓаат на другите, може да се поправат со дијалог и со сфаќање дека секогаш има простор за подобрување“, изјави Надал за „Universo Valdano“ на Movistar+.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови