Новаци приреди вистинско изненадување пред домашна публика и го совлада лидерот Шкендија Арачиново со 1-0. Херој на мечот беше младиот Мартин Андоновски кој постигна прекрасен гол од далечина за триумф на Новаци.
Изненадување имаше и во Штип, каде Осогово славеше со 0-1 против фаворитот Брегалница. Решавачкиот гол го постигна Голубов пред крајот на првото полувреме.
Херој на Осогово беше голманот Јовановски, кој одбрани два пенали. Прво го сктори ударот на Алексовски, а во судиското надополнување го одбрани и обидот на Хусеин Демири, осигурувајќи голема победа за кочанчани.
ФК Скопје, на домашен терен со 4-0 славеше над Големо Коњари. Преспа го доживеа својот единаесетти сезонски пораз, не успевајќи да ѝ парира на Слога Виница, која се врати дома со три бода по победата од 1-2.
Со триумф на гости се закити и Беласица. По изненадувачкиот домашен пораз од Новаци во минатото коло, струмичани експресно се вратија во победнички ритам и на гостувањето во Македонска Каменица славеа со 0-2.
Охрид го победи Детонит со 1-0. Иван Глигоров беше стрелец на победничкиот гол за охриѓани, а голманот Дамјан Серафимов во завршните моменти одбрани пенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













