Connect with us

Пелистер за едно полувреме го торпедираше Шкупи

Фудбалерите на Пелистер ја запишаа својата четврта победа сезонава во Првата македонска лига, откако на гостински терен убедливо го совладаа Шкупи со 0-3. Екипата на Милан Стојаноски во второто полувреме го скрши отпорот на Шкупи, кој и овој пат беше домаќин во Струга.

Шкупи прв се израдува на погодок во стартните минути од вториот дел, кога Сухељ Мухарем ја затресе мрежата. Сепак, по консултација со ВАР собата, голот беше поништен поради игра со рака на капитенот на чаирската екипа.

Само неколку минути подоцна следеше водство за Пелистер – Петар Петковски прецизно заврши акција во 58.минута.

Откако ја пробија дефанзивата на противникот, битолчани продолжија со притисок и дојдоа до втор погодок во 73. минута преку Александар Ристевски.

Конечните 0-3 ги постави Лука Булатовиќ со прекрасен удар, ставајќи печат на убедливиот триумф на Пелистер.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови