Струга Трим Лум оствари триумф (1-3) на гостувањето кај Работнички во натпревар од 14. коло на ПМФЛ. Стружани ја продолжуваат трката со Вардар за врвот, а тренерот Бледи Шкемби беше задоволен од играта и од резултатот на својот тим.
„Мислам дека одигравме многу добро прво полувреме, во кое успеавме да постигнеме два гола. Во второто полувреме почнавме малку поспано и противникот се приближи, но потоа се вративме на нашата игра и мислам дека победата ја заслуживме целосно. Паузата за репрезентациите беше корисна за некои играчи, но за жал, временските услови ни создадоа проблеми за подготовка. Сепак, задоволен сум од моите играчи, не само од денешниот меч, туку од целата сезона досега“, изјави тренерот на Струга ТЛ.
Стружани имаат 11 победи, две реми и само еден пораз. На табелата, тимот заостанува само еден бод зад водечкиот Вардар. Во следното коло, Струга ТЛ ќе биде домаќин на Башкими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













