Connect with us

Струга ТЛ го победи Работнички и го следи Вардар на врвот

Струга Трим Лум го победи Работнички со 1-3 на натпреварот од 14.коло во Првата фудбалска лига. Со тоа го одржува чекорот со Вардар за есенска титула, додека Работнички останува претпоследен со само седум освоени бодови.

Стефан Јевтоски во 11.минута го отвори резултатот, а Христијан Малески зголеми на 0-2 десет минути подоцна. Со овој резултат заврши првиот дел.

На почетокот на вториот дел Флоријан Рочи го погоди дирекот, но Работнички постигна погодок преку Димитар Трајков во 54.минута.

Во 70.минута, на интервенција на ВАР беше досуден пенал за Струга Трим Лум, а го реализираше Буњамин Шабани.

До крајот, Меметриза Хамза и Арби Воша погодија во дирекот од голот на Работнички, а дуелот заврши со резултат 1-3.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови