Connect with us

Артета: Овој тим на Арсенал верува во своите квалитети и со таков став излегува на теренот

Микел Артета ја коментираше победата на неговиот Арсенал со 4-1 во дербито од 12. коло на англиската Премиер – лига.

„Ова е посебен ден за нас. Знаевме колку е важен овој натпревар и што значи за нашите навивачи. Да можеме да им донесеме таква радост е прекрасно“, рече Артета.

Менаџерот на „топчиите“ зборуваше и за настапот на Еберечи Езе, кој беше големиот херој на победата, откако постигна хет-трик. Тој стана само четвртиот фудбалер кој направил вакво нешто во дербито на Северен Лондон.

„Тоа многу кажува колку е тешко она што го направи Езе. Искрено, можеше да постигне четири или пет гола. Тој е добар играч кој може да создава магични моменти“, додаде Артета.

Со оваа победа, „топчиите“ се одлепија на врвот со предност од шест бода пред вториот Челси, а надежите за прва титула во Премиер – лигата по повеќе од две децении изгледаат сè пореални.

„Доминиравме во текот на целиот натпревар. Создаваме многу шанси и бевме многу блиску до постигнување гол. Бевме трпеливи. Кој и да излезе на теренот, ја завршува својата работа. Овој тим има вера и квалитет да игра постојано. Покажуваме добри резултати, но гледате колку е тежок секој натпревар во Премиер – лигата. Следуваат многу натпревари, а ние ќе ги играме еден по еден. Да уживаме во оваа победа, а потоа играме против Баерн овде и против Челси на гости. Ќе биде тешка и напорна недела“, додаде Артета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови