Connect with us

Арсенал доминираше во лондонската пресметка со Тотенхем, хет-трик на Еберечи Езе (ВИДЕО)

Арсенал продолжува со силните настапи во Премиер – лигата, а со убедливиот триумф од 4-1 во лондонското дерби против Тотенхем се зацврсти на врвот на табелата со 29 бода, шест повеќе од Челси и седум предност во однос на Манчестер Сити.

Херој на „топчиите“ беше Еберечи Езе, кој со својот хет-трик беше незапирлив за одбраната на Тотенхем.

Леандро Тросар го отвори резултатот во 36. минута, а само пет минути подоцна Езе го зголеми водството на 2-0 и ја започна својата доминација на мечот. На почетокот на второто полувреме постигна уште еден гол.

Ришарлисон намали на 3-1 со гол речиси од центар во 55. минута, но Еберечи Езе во 76. минута го заокружи мечот со својот прв хет-трик во кариерата, потврдувајќи ја убедливата победа на Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови