Connect with us

Педро Нето и Енцо Фернандез донесоа триумф за Челси (ВИДЕО)

Челси рутински ја заврши задачата на гостувањето кај Барнли, славејќи со 0-2 во дуел од 12. коло на Премиер лигата. Тимот на Енцо Мареска прикажа зрела игра, со постојани обиди да создаде шанси, иако и домаќините имаа периоди во кои го притиснаа лондонскиот состав.


„Сините“ поведоа во 37. минута преку Педро Нето, кој прецизно заврши една убаво изработена акција и им донесе минимална предност на полувреме. Во самиот финиш, кога Барнли се обидуваше да израмни и силно напаѓаше, Челси успеа да го реши натпреварот – Енцо Фернандез погоди во 88. минута и стави точка на дуелот.


Победата донесе дополнително задоволство за тренерот Мареска, а Челси барем привремено се искачи на второто место на табелата. Барнли останува со десет освоени бодови и засега се држи едно место над зоната за испаѓање.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови