Нема да биде потребно да се гледа резултатот или да се слуша химната за да се разбере дека се случува нешто големо, пишува „Мундо Депортиво“. Доволно ќе биде да се почувствува како вибрираат улиците на Лес Кортс и публиката во Барселона уште од раното попладне. Денес од 16:15 часот на сцената се враќа фудбалот на „Камп Ноу“ со натпреварот Барселона – Атлетик Билбао.
Сликата нема да биде совршена, бидејќи стадионот се враќа со привремени скелиња, откриени конструкции и ходници кои сè уште мирисаат на свежо излеан бетон. И покрај тоа, ретко кој стадион што е во процес на целосна реконструкција разбудил толку многу возбуда и посветеност, продолжува анализата на „Мундо“.
По две и пол години отсутност – цели 909 дена – Барселона попладнево се враќа дома. Делумно враќање (со 45.401 гледачи во секторите Гол Суд, Трибина и Латерал, како што е запишано во планот 1B одобрен од општината), но наполнето со огромна емоционална, спортска и економска сила. Големиот ден се поклопува со роденденот на основачот Жоан Гампер – 22 ноември 1877 година.
Навивачите кои во овој период се искачуваа на „Монжуик“ за да го поддржат тимот на Олимпискиот стадион, денес ќе доживеат уникатно чувство кога „Камп Ноу“ повторно ќе оживее. Стадион чиј конечен изглед се очекува дури кон крајот на 2027 година – повеќе од една година подоцна од првично планираното.
Конструкцијата, кровот, новите ВИП-зони и проширувањето до нешто над 105.000 седишта сè уште се планови што треба да се реализираат. Но денес се прави првиот реален чекор. Делумно повторно отворање, но доволно за фудбалот да се врати дома и да се активира дел од економската основа. Клубот призна дека враќањето на натпреварите на домашен терен значи околу 51 милион евра дополнителни приходи во однос на минатата сезона.
Клубот подготви специјална програма за да го претвори денот во вистински празник: отворање на влезовите два часа порано, музички настапи пред натпреварот, изненадувачки прв удар на топката, шоу на полувремето со „The Tyets“ и повик до навивачите да се облечат во сино-црвено.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













