Connect with us

Нов проблем за Челси: Палмер се опорави од повредата и во домашна незгода го пукна прстот

Навивачите на Челси се надеваа дека Енцо Мареска на денешната прес-конференција ќе го потврди враќањето на Кол Палмер, но следеше вистински шок – на Англичанецот му страдаше прстот на ногата и го очекува нова пауза.

Со недели наназад се најавуваше дека Палмер ќе се врати токму по ноемвриската репрезентативна пауза и пред дуелите со Барселона и Арсенал, но Мареска донесе нова лоша вест.

Палмер навистина се опорави од претходната повреда, но доживеал нов малер – имал незгода во својот дом и му напукнал прстот на ногата.

„Палмер сигурно нема да биде со нас утре, исто како и за натпреварите со Барселона и Арсенал. За жал, имаше мала незгода дома и неговиот прст е напукнат. Не е ништо страшно, но нема да може да игра целата следна недела“, откри Мареска.

Според сè, изгледа дека Палмер ќе се врати дури за гостувањето кај Лидс на 3 декември.

Тој е надвор од терените уште од крајот на септември, а оваа сезона има одиграно само четири натпревари со два постигнати гола во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови