Connect with us

Проблеми за Милевски пред Велс: Муслиу нема да биде во одбраната, неизвесен е и настапот на Јани Атанасов

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе го одигра последниот натпревар од квалификацискиот циклус за СП 2026, гостувајќи кај Велс во Кардиф. Доколку успее да избегне пораз, Македонија ќе го обезбеди второто место во групата, што носи полесен противник во мундијалскиот бараж.

Атмосферата во тимот е одлична, но селекторот Благоја Милевски има одредени проблеми со составот.

Дефанзивецот Висар Муслиу ќе го пропушти мечот поради повреда, додека настапот на Јани Атанасов е неизвесен поради мускулни болки. Медицинскиот тим прави се за да го оспособи, а конечната одлука ќе биде позната по официјалниот тренинг на стадионот во Кардиф вечерва.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови