 
																												
														
														
													Раководството на Реал Мадрид е уверено дека ќе успее да го доведе капитенот на Кристал Палас, Марк Гехи, како слободен агент во летниот преоден рок. Централниот дефанзивец беше на чекор од трансфер во Ливерпул во последниот ден од минатиот преоден период, но лондончани во последен момент се повлекоа од договорот и решија да го задржат англискиот репрезентативец, иако беше јасно дека тој нема да потпише нов договор со клубот.
Гехи останува цел и за Ливерпул, но во трката се вклучени и шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, како и Баерн Минхен.
Според англиските медиуми, на „Сантијаго Бернабеу“ се чувствуваат многу сигурни дека ќе ја добијат оваа битка и дека Гехи ќе избере да им се приклучи на своите соиграчи од репрезентацијата Џуд Белингам и Трент Александер-Арнолд.
„Кралевите“ го ангажираа десниот бек токму од Ливерпул, откако почекаа неговиот договор да истече. Реал сепак плати 10 милиони евра на „црвените“ за да може Трент да игра уште на Светското клупско првенство.
Шпанскиот гигант беше поврзуван и со централниот дефанзивец на Ливерпул, Ибрахима Конате, кој исто така има договор што истекува, но поради неговата променлива форма од почетокот на сезоната, приоритет за Реал сега е Марк Гехи.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														