Connect with us

Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер

Напаѓачот на Интер, Маркус Турам, денес се врати на тимските тренинзи по целосното опоравување од повредата, пренесува „Скај Спорт Италија“.


Францускиот репрезентативец се здоби со повреда на задната ложа на левата нога на 30 септември, за време на победата од 3-0 над Славија Прага во Лигата на шампионите.


Поради тоа, Турам ги пропушти натпреварите против Кремонезе (4-1), Рома (1-0), Унион Сен Жил (4-0) и Фиорентина (3-0), како и поразот од Наполи (1-3).


Во негово отсуство, местото во нападот го пополнуваа Анже-Јоан Бони и Франческо Пио Еспозито. Според последните информации, 28-годишниот напаѓач би можел да се врати на терен веќе на неделниот натпревар против Верона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови