Струга Трим Лум се избори за важен триумф над Шкупи и со играч помалку славеше со 1-2 во натпреварот од 11.коло во Првата македонска фудбалска лига. По овој триумф, Струга ТЛ повторно се искачи на врвот на табелата со 26 бода, два повеќе од Вардар, кој утре го пречекува Силекс.
Мечот започна со иницијативата на стружани кои вршеа целосна опсада на голот на Шкупи. Голманот Гроте беше главниот „виновник“ што чаирчани не примија гол во првите 15 минути, по шансите на Компаоре, Воша и Хамза.
Чаирчани издржаа до 24. минута, кога Компаоре начека една нафрлена топка во петерецот и со силен удар го матираше германскиот чувар на мрежата. Струга поведе со 0-1 и имаше уште неколку одлични шанси за удвојување на предноста, но Шкупи успеа да се одбрани и некако се избори за минимална негатива на паузата меѓу двете полувремиња.
Стартот на вториот дел донесе поангажирана игра на тимот од Скопје, Шкупи се обиде да го изненади фаворитот и тргна поофанзивно на противничката половина. Налетот на чаирчани кулминираше во 56. минута, кога се изборија за удар од белата точка, а згора на тоа, беше покажан и црвен картон за Французинот Ласана Дијако, по долга проверка во ВАР собата.
Дефанзивецот влечеше за дрес во сопствениот петерец, а по прегледот на ВАР-снимката, судијата Благојче Ралевски покажа на белата точка и го испрати Дијако во соблекувалната.
Шкупи одеднаш се најде во поволна ситуација, израмни на 1-1 преку капитенот Сухељ Муарем во 56. минута, и продолжи со играч повеќе, но и тоа не влијаеше премногу, затоа што Струга се избори за пенал во 74. минута, а прецизен реализатор беше Басиру Компаоре, со вториот гол на мечот. Играта со рака во шеснаесетникот беше забележана од судијата Ралевски, а Компаоре немаше проблем по вторпат да го совлада Гроте.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













