Connect with us

Челси подготвува сензационален трансфер на Тер Штеген

Челси сериозно размислува за засилување на голманската позиција и го има на радарот Марк-Андре Тер Штеген од Барселона, пренесува „Скај Спортс“.


„Сините“ од Лондон сакаат искусен и лидерски тип на голман, а германскиот репрезентативец се смета за потенцијално решение за проблемите на клубот на таа позиција.

Тер Штеген го изгуби статусот на прв голман во Барселона, а одлуката на каталонците да платат 25 милиони евра за 24-годишниот Жоан Гарсија создаде дополнителна тензија. Германецот го доживеа трансферот како сигнал дека неговата ера во клубот завршува.

Дополнително, по операцијата на грбот ова лето, Тер Штеген ја изненади Барселона со објавување информации за повредата на социјалните мрежи, без да ја извести медицинската служба. Овој потег беше оценет како непрофесионален, а голманот дури привремено ја изгуби капитенската лента – која му беше вратена кратко потоа.

Покрај Тер Штеген, раководните луѓе на Челси размислуваат и за можен трансфер на голманот на Милан, Мајк Мењан.


Сепак, Тер Штеген би можел да пристигне на позајмица веќе во јануари, додека Мењан е планиран како долгорочно решение за клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови