Големото шпанско дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ понуди вистински спектакл, полн со емоции, контроверзии и три погодоци. на крајот, славеа „кралевите“ со 2-1.
Со оваа победа, тимот на Чаби Алонсо ја зголеми предноста на врвот во Ла Лига на пет бода пред каталонскиот ривал.
Натпреварот започна бурно уште во третата минута, кога судијата првично досуди пенал за Реал. По интервенција на ВАР, сепак, беше утврдено дека прекршокот го направил Винисиус врз Ламин Јамал, па одлуката беше поништена. Во 12. минута Мбапе успеа да ја затресе мрежата на Барселона, но голот беше поништен поради минимален офсајд.
Сепак, во 22. минута, францускиот ас Килијан Мбапе го отвори резултатот со прецизен удар по додавањето од Џуд Белингам, носејќи водство за Реал и предизвикувајќи еуфорија на трибините на „Бернабеу“.
Барселона не се предаде и во 38. минута израмни преку Фермин Лопез, кој ја искористи грешката на Арда Гулер.
Радоста на каталонците траеше кратко, бидејќи само пет минути подоцна Белингам маестрално ја претвори асистенцијата на Милитао во погодок, враќајќи го водството на „кралевите“.
Во самиот финиш на првото полувреме, Реал постигна и трет гол, но ВАР повторно интервенираше поради офсајд на Мбапе. Така резултатот на паузата остана 2-1 за Реал.
Вториот дел донесе дополнителна драматургија. Во 52. минута Мбапе имаше шанса да ја зголеми предноста на Реал од пенал, но голманот Шчесни одбрани. Родриго, кој влезе во игра на местото на Винисиус, имаше неколку шанси, додека Жул Кунде можеше да израмни за Барселона, ако подобро го прифатеше проигрувањето на Ламин Јамал.
Кулминацијата дојде во завршницата на мечот, кога Педри доби втор жолт картон и беше исклучен, што дополнително ја олесни задачата на Реал да ја сочува водството. И покрај последните напади на Барселона, резултатот остана 2-1 за Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













