Connect with us

Фантастично Ел Класико: Мбапе и Белингам му донесоа водство на Реал на полувремето (ВИДЕО)

Првото полувреме од големото Ел Класико помеѓу Реал Мадрид и Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ понуди вистински спектакл со многу возбудувања и три погодоци, а „кралевите“ на одмор заминаа со водство од 2-1.

Натпреварот започна со контроверзна ситуација уште во третата минута, кога судијата првично досуди пенал за Реал, но по интервенција на ВАР беше утврдено дека Винисиус направил прекршок над Јамал, па одлуката беше поништена. Во 12. минута Мбапе успеа да ја затресе мрежата на Барселона, но голот беше поништен поради минимален офсајд.

Во 22. минута, сепак, францускиот напаѓач Килијан Мбапе го отвори мечот со гол, откако по одлично додавање од Белингем прецизно стрелаше за водство на Реал.

Каталонците одговорија во 38, минута преку Лопез, кој ја искористи грешката на Арда Гулер и израмни на 1-1. Но, само пет минути подоцна, Реал повторно поведе — Џуд Белингам маестрално ја претвори асистенцијата на Милитао во погодок за ново водство на мадридскиот гигант.

Во самиот финиш на првото полувреме „кралевите“ постигнаа и трет гол, но ВАР повторно интервенираше, бидејќи Мбапе се најде во очигледна офсајд позиција. Така, резултатот на паузата остана 2-1 за Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови