Connect with us

Арсенал отиде четири чекори напред, Сити падна на „Вила Парк“ (ВИДЕО)

Арсенал ја продолжи својата победничка серија со минимален триумф од 1-0 над Кристал Палас на „Емирати“, со што ја зацврсти лидерската позиција во Премиер – лигата и сега има четири бода предност пред Борнмут. Херој на натпреварот беше Еберечи Езе, кој во 39. минута го постигна единствениот погодок – токму против клубот од каде пристигна во Арсенал.

Астон Вила оствари голема победа против шампионот Манчестер Сити со резултат 1-0. Мет Кеш донесе водство уште во 19. минута, а иако Ерлинг Халанд успеа да погоди во 90., неговиот гол беше поништен поради офсајд.

Борнмут го совлада Нотингам Форест со 2-0 благодарение на головите на Таверние и Крупи, со што се искачи на второто место на табелата.

Барнли приреди возбудлив натпревар и како гостин славеше над Вулверхемптон со резултат 2-3, запишувајќи вредни бодови во борбата за опстанок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови