Connect with us

Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Репрезентацијата на Андора приреди изненадување на гостувањето кај Летонија, извлекувајќи 2–2 и освојувајќи го првиот бод во тековните квалификации за Светското првенство.

Гостите започнаа храбро и имаа неколку убави прилики, а водство донесе Моизес Сан Николас во 33. минута. Радоста траеше само осум минути — во 41. минута Зеленковс израмни и го постави резултатот на полувремето (1–1).

Во вториот дел Летонците притиснаа посериозно и поведоа со 2–1 преку Гутковскис. Домашните потоа постигнаа и трет гол, но истиот беше поништен поради офсајд.

Сепак, упорната Андора не се предаде. Во финишот на натпреварот Јан Оливеира погоди за 2–2, носејќи ѝ вреден бод на својата селекција. Во судиското надополнување гостите останаа и со играч помалку по исклучувањето на Жоел Гвилен, но успеаја да го задржат резултатот.

Со ова реми, Летонија останува претпоследна во групата К со пет освоени бодови, додека Андора конечно го запиша својот прв бод во квалификацискиот циклус — бод кој за оваа селекција вреди како победа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови