Connect with us

Младиот навивач на Башкими кој падна од трибина се чувствува добро (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Башкими информираше дека младиот навивач кој денеска доживеа несреќа за време на дуелот со Вардар во Куманово се чувствува добро и нема сериозни последици.

Инцидентот се случи по околу десет минути игра во второто полувреме, кога детето падна од трибината и претрпе повреди. Според фотографиите се претпоставува дека повреден е вратот, но малиот Ноарин е во стабилна состојба.

„На денешниот натпревар против Вардар се случи несакан настан со нашиот најмлад навивач Ноарин. Благодарение на брзата реакција на неговите родители и медицинскиот тим на стадионот, неговата состојба е добра и е надвор од опасност. Ноарин е згрижен и добива сè што му е потребно“, стои во соопштението на Башкими.

По краткиот прекин, натпреварот продолжи и заврши без голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови