Connect with us

Христијан Малески со два гола ја одведе Струга ТЛ на врвот, Башкими и Вардар одиграа без голови во Куманово

Струга Трим Лум продолжува со импресивна серија во шампионатот, остварувајќи ја седмата победа во осум одиграни натпревари. Тимот на Бледи Шкемби денеска на домашен терен го совлада Пелистер со 2-0 и се искачи на врвот на табелата со 22 бода.

Стружани успеаја да го решат натпреварот дури во самиот финиш, двата гола беа постигнати во последните десетина минути. Двоен стрелец беше Христијан Малески.

Во Куманово, Башкими и Вардар одиграа реми без голови. Натпреварот беше исполнет со тензија, а двете екипи повеќе беа фокусирани да не претрпат пораз.


Најдобрата шанса за Башкими ја имаше Марко Симоновски, додека Михаил Талевски пропушти можност во финишот за триумф на Вардар.

По ова реми, Вардар е на второто место со 20 бода, колку што има и третопласираната Шкендија.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови