Connect with us

Крсте Велкоски ќе биде генерален директор на Сараево, а тренерот Хусреф Мусемиќ доби отказ

Легендарниот фудбалер на Сараево, а сега спортски директор на „бордо“ тимот, Крсте Велкоски, ќе добие унапредување во неговата улога во клубот од Кошево, објавува „Klix.ba“.

Имено, на денешната седница на Собранието на фудбалскиот клуб Сараево, Велкоски ќе стане нов генерален директор и на таа позиција ќе го наследи Тарик Трбиќ, кој го заврши својот ангажман во клубот на 30 мај оваа година.

Потсетуваме, Велкоски стана спортски директор на ФК Сараево на почетокот на јули оваа година.

Од друга страна, по лошите резултати сменет е тренерот на Сараево, Хусреф Мусемиќ. Нов стратег на тимот треба да биде Марио Цвитановиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови